-->
-->
Страотно убиство: Му испратила порака на љубовникот, а потоа тој е пронајден мртов
-->
Полицијата од Нови Пазар распиша меѓународна потерници по Сенад и Мубера Муховиќ од Сјеница поради основано сомнение дека го убиле или се вмешани во убиството на Анел Папиќ (32), чие тело е пронајдено во саботата во село Понорац. Иако истрагата за свирепото убиство се уште трае, наводно сите досегашни докази и сослушувања укажуваат на тоа дека сопружниците Муховиќ се главни осомничени.
-По доаѓањето од Германија, Сенад во телефонот на Мубера ја пронашол нејзината преписка со Анел, со кого имала афера. Од нејзиниот број на Анел испратиле порака во петок наутро да се најдат на местото каде претходно се состанувале, а се уште не е познато дали пораките ги испратила Мубера или Сенад, велат од полицијата.
Анел повикот го прифатил и во договореното време отишол на состанокот, каде како се претпоставува, го начекал Сенад и го убил со камен. Го удрил во глава неколку пати и го тепал, по што тој изгубил свест.
-Не е познато дали Мубера била со него, ниту дали Сенад имал намера да го усмрти или само да го претепа Анел, велат од полиција.
Кога забележал дека Анел не дава знаци на живот, Сенад се обидел да го прикрие злосторството така што се обидел да го запали телото, но не успеал во тоа, па на крајот го покрил само со гранки и грмушки и побегнал. Набрзо се спакувал, седнал во автомобилот и со Мубера и двете деца тргнал за Германија. Од Србија излегле на граничниот премин Хоргош во петокот. Низ Сјеница кружат приказни дека Сенад имал и помошници и дека така го совладал Анел и дека тие учествувале и во мачењето на Анел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот
-
Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот
-
Денеска беше осветен храмот „Св. Мина”
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа