-->
-->
Страотна сообраќајка во Македонија - Еден загнат
-->

Во сообраќајната незгода која рано утрово се случи на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар кај каменоломот на „Трансмет“ на местото викано Зли дол едно лице загина.
Според информациите од СВР Битола до несреќата дошло кога комбе „цитроен џамбо“со прилепски регистарски таблички удрило во влекач со полуприколка, со битолски таблички, кое било паркирано покрај патот, најверојатно бидејќи беило расипано.
Во судирот животот го загубил возачот на комбето, чие тело екипите на противпожарната служба се уште се обидуваат да го извлечат.
Полицијата се уште врши увид на местото, по што ќе се знаат и причините за несреќата, како и идентитетот на загинатиот возач.
Патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани