Свет
21. December 2018 - 10:11

Страотна несреќа во рудник во Чешка: Загинаа 13 полски рудари, метан експлодираше 800 метри под земја

Во експлозија на метан во рудник за камен јаглен „Север“ во Стонава на истокот од Чешка во четвртокот загинаа најмалку 13 рудари, а сите жртви се Пољаци.

Метанот во тој државен рудник експлодираше на 880 метри под земја, а работите веднаш се запрени. Од 23-цата рудари во попладневната смена кои биле во јамата, 21 Полјак и двајца Чеси, 13 загинаа, а десетина се повредени од кои тројца потешко.

Еден од тројцата провредени рудари кои се префрлени со хеликоптер во болницата Острава се во критична состојба, а на седуммина рудари со полесни повреди помошта им е пружена на самото место.

Полска во Карвина испрати две спасувачки екипи да им помогнат на чешките спасители во текот на ноќта додека трагаа по исчезнатите, а денеска ќе дојде во рудникот и полскиот премиер Матеуш Моравјецки и чешкиот премиер Андреј Бабиш.

„Причината за несреќата е метан кој се запалил. Од 23 рудари кои работелот во тој сектор, 21 е Полјак, а двајца се Чеси. Со веројатност од 99 отсто, жртвите се полски рудари“, изјави портпаролот на ОКД Иво Челаковски.

Рудникот за камен јаглен во крајот Кравина е еден од двата во таа област на државното претпријатие ОКД кое смета оваа година да произведе 5 милиони тони камен јаглен.

Во оваа област на источна Чешка, на границата со Полска, многубројно е полското национално малцинство, а во рудниците, челичарниците и фабриките работат многу полски гастрбајтери.