Балкан
24. August 2016 - 15:10

Страотен детаљ од убиството на бебето и мајката во Ветерник

Арпад Сабо (29) од Липар кај Кула, кој ја уби својата сопруга Славица Сабо (24) и нивниото четиримесечно бебе Николина, откако со нож ја избодел ќеркичката и ја истргнал златната нараквица од рачето.

Таткото монструм накитот го спакувал во торба и најверојатно имал намера да ја продаде и ја зел со себе кога тргнал да бега.

-Кога е уапсен кај Бачка Паланка, каде покрај брегот на Дунав имал намера да украде некој чамец за да се префрли до Хрватска, а потоа до Унгарија, кај себе имал помала патна торба. Во неа имал лични работи, а во внатрешниот џеб е пронајдена детската нараквица , кој ја скинал од раката на бебето по монструозниот чин. Според големината веднаш јасно се видело дека нараквицата е детска, но тој дуро подоцна признал дека златото го зел од раката на детето непосредно пред бегството од куќата, наведува извор од истрагата, додавајќи дека сакал да ја продаде и со парите да си купи храна и алкохол.

Душко Ѓуриѓ, татко на убиената Славица вчера потврди дека малечката Николина имала на себе златна нараквица.

Foto: Kurir/privatna arhiva

-Славица порано имаше златен накит, ама воопшто не го носеше. Николина од мајката на Арпад ја доби златната нараквица. Кога бев да ги идентификувам ќерката и внуката не ми ја покажаа нараквицата. Што се однесува до истрагата, не ги знам деталите, ниту барам полицијата да ми ги соопшти. Ќе го добијам комплетниот наод од обдукцијата за некој ден и тогаш ќе видам, што всушност монструмот направил.

Семејната трагедија се случила на 14 август во изнајмениот стан во населбата Ветерник. Арпад најпрво со нож ја избодел несреќната Славица, а потоа на ист начин го избодел и своето новороденче, кое спиеше во колевка.

Обдуцентите избројале над 28 убоди по телото на детето и мајката. Утврдиле дека смртта кај бебето настапила веднаш зошто буквално и го пресекол вратот, а Славица претходно крвнички ја претепал.

Мајкат аи бебето најмногу убоди имале во пределот на градите и стомакот.

Арпад Сабо е во притвор во Окружниот затвор во Нови Сад. Во соба е со двајца цимери и се однесува нормално, засега немал никаков испад.