Бизнис
16. February 2016 - 19:53
Странските инвеститори во потрага по кадар во стручните училишта
Фабриките кои планираат производство во тетовската технолошко-индустриска развојна зона преку во соработка со неколку установи во градот се обидуваат да најдат стручен кадар.
Една од нив е текстилниот училишен центар каде се обраќаат со интерес дали учениците по завршувањето на школувањето би сакале да работат во нивниот погон.
Освен матурантите, во текстилнотото училиште заедно со Агенцијата за вработување се врши обука и за невработени лица .
Посочената компанија во моментот ја гради фабричката хала во зоната, а дел од подготвителните работи се изведуваат во објект во Гостивар.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
