Стотина демонстранти побараа повлекување на Чешка од НАТО

На иницијатива на организацијата „Не за базите", стотина демонстранти се собраа денеска во центарот на Прага барајќи излегување на Чешка од НАТО.
Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Војна? Не во наше име", „Надвор од НАТО“, како и „Украина во НАТО е еднакво на војна во Европа“,
Говорниците на собирот Северноатлантската алијанса ја оквалификуваа како криминална организација, нејзините поддржувачи како предавници и побараа повлекување на чешката Армија од мисиите во странство.
- Да го укинеме НАТО како воен криминален пакт. Сакаме да го укинеме НАТО, бидејќи тој нема свие место во овој свет, рече пратеничката од Комунистичката партија Марта Семелова.
Активистот Јан Корал од Организацијата против новиот светски поредок, ги повика присутните да се спротивстават на ,,диктатурата на Вацлав Хавел, Вацлав Клаус и другите“ политичари, кои ги означи како виновници за влегувањето на земјата во НАТО. Тој побара во чешкиот Устав да се внесе член за „одбрана на мирот“.
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
