Стотици слонови најдени мртви во Боцвана
Повеќе од 350 слонови мистериозно умреле во Боцвана за околу еден месец. Тоа стручњаците го опишуваат како еколошка катастрофа.
Слоновите угинале од непознати причини, а фотографиите од воздух ги покажуваат нивните трупови расфрлани низ делтата на реката Окаванго и други делови на северот од земјата.
– За време на тричасовниот лет беа забележани 169 мртви слонови… Еден месец подоцна, истрагата покажа бројка достигнува до 350, рече д-р Нијал Меккан за Би-би-си.
Владата на Боцвана се уште не извршила тестови за траги на отрови или патогени. Антраксот, меѓутоа, се отфрла како причина за смртта. Труењето со цијанид претходно било користено од ловокрадци во Зимбабве.
Научниците ја повикаа владата да ги тестира животните што е можно поскоро, за да се отфрлат потенцијално опасните патогени кои би можеле да се пренесат од животните на луѓето.
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка