Македонија
10. March 2025 - 16:30

Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток

Убиецот кој минатото лето го застрела 59 годишниот Васил Ефтимов на паркингот кај Мавровка, призна вина. 40 годишниот Елвир Куртовиќ, во судницата рече дека излегол од затворот Идризово на викенд и не се вратил, постојано се дрогирал, а и на денот на убиството бил под дејство на кокаин.

„Жал ми е за стореното, не сакав да го убијам човекот, се случи несреќа. Во моментот и неколку денови претходно бев под дејство на дрога“, изјави во судницата обвинетиот Елвир Куртовиќ.

Со истиот пиштол за кој немал дозвола, Куртовиќ пукал и кон четворицата полицајци кои биле вклучени во неговата потрага. Откако го застрелал Васил, а од неговата сопруга зел чанта во која имало компјутер, побегнал со автомобил кон парк шумата Гази Баба, таму се префрил во друго возило, но во Чаир бил совладан од полицијата.

Иако обвинетиот го призна кривичното дело убиство, тој негираше вина дека пукал кон полициајците кои се обиделе да го упасат, но и дека не поседувал дозвола да поседува и носи оружје.

Во четврток судот ќе ја објави пресудата за Куртовиќ. Неговата адвокатка побара поблага казна бидејќи обвинетиот признал вина. Ја обвини државата за пропсути во ресоцијализацијата на затворениците и како што рече ако тоа го увиделе затворските психолози, Елвин не би добил право на викенд, па немало да се случи ниту убиството.

Во август Лани сред бел ден Куртовиќ со еден истрел во градите го застрела 59 годишниот скопјанец. Ја ограби неговата сопруга, а од возилото им одзел кутија со рачен алат. Обвинителството го гони за убиство со умисла и од користољубие.