Стопанска комора: Потенцијалите на земјоделството неискористени, субвенциите без резултат

Дали македонскиот агро-сектор е подготвен да развива т.н. паметни села и да применува интелигентни софтверски решенија кои би ги намалиле трошоците и загубите, би го подобриле квалитетот на производството и би ја зголемиле конкурентноста, се двете прашања што ќе ги отвори Стопанската комора на Македонија на претстојната конференција за земјоделство и прехранбена индустрија што ќе се одржи на 16 мај во Скопје.
Според Комората, потенцијалите на земјоделството во земјава не се целосно искористени. Необработени стојат преку една третина од површините, а субвенциите не ги дадоа очекуваните резултати. Недостигаат и одржливи рурални заедници кои би го интезивирале пласманот на странските пазари.
- Нашето земјоделство е пред крстопат, на прагот на трансформација во модерно, но е соочено и со многу предизвици. Од една страна се светските движења и климатските промени, а од друга – конкурентноста и примената на новите, ИТ решенија, истакна Васко Ристовски од Комората.
Засега, напомена Ристовски на прес-конференција, некои од комбинатите користат софтверски решенија за планирање на производството. Обично се тоа поголемите капацитети. Но, кај индивидуалните производители ИТ алатките се уште се новина, е се чувствува и отпор од нивно прифаќање. Предничат младите фармери кои се поинформирани, читаат и ги следат најновите светски достигнувања.
- Кога се работи за технологијата, тешко ги прифаќаме новитетите. Некој можеби мисли дека е проблем цената. Не, цената е повеќе од достапна, прилагодена за сите индивидуални фармери и изнесува 130-140 евра годишно. Ваквите паметни, ИТ решенија (кога да се сее, прска) може да се следат и на мобилен телефон ако некој евентуално дома нема компјутер, лап-топ, подвлече Ристовски.
Одговорајќи на новинарски прашања во врска со субвенциите, Ристовски рече дека наместо да бидат развојни, тие досега се искористуваа како социјално-политичка алатка.
- Развојната нота, за жал, не постои, а од 2007-ма до сега се пројдени 12 години. Тоа е долг период кој би требал да покаже резултат. Субвенциите сепак одиграа некаква улога. Го ублажија ударот од конкуренцијата и до некаде го одржаа земјоделство на одредено ниво. Тука пред се мислам на малите фармери, објасни Ристовски според кој, директната финансиска поддршка воопшто не е начин за да се направи атрактивен агросекторот, туку алатка при преструктуирањето.
На конференцијата на 16 мај покрај домашни, ќе присуствуваат и странски експерти. Отворени ќе бидат и прашања како земјоделското земјиште, продажбата на земјоделските производи, заштитата на нивното потекло, руралниот развој, катастарот, фитосанитарните мерки, органската храна,…
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
