-->
-->
Стоп за Арсенал во Ливерпул
-->

Екипите на Ливерпул и Арсенал одиграа спектакуларен меч во рамките на 21.коло, во Премиерлигата, кој заврши без победник 3:3 (2:2). Екстаза на „Енфилд“ донесе Џо Ален кој го постави конечниот резултат во 91.минута. Во второто дерби Лестер ја прекина серијата од четири натпревари без победа, со триумфот во Лондон над Тотенхем од 1:0.
Ливерпул два пати водеше против Арсенал, но на крајот се бореше да остане непоразен пред своите навивачи. „Црвените’ два пати водеа, со головите на Фирмино постигнати во 10. и 25.минута, но таа предноста ја анулираа Ремзи во 14-та и Жиру во 25-та минута.
Првата предност на Арсенал на овој меч му ја донесе Жиру, со својот втор гол, во 55-та минута, а бод за Ливерпул спаси Џо Ален со голот во 91.минута.
Одличен меч, исто така, одиграа Тотенхем и Лестер. Блескаа голманите на двата тима (Љорис и Шмајхел), па поради тоа беше постигнат само еден гол. Гермскиот дефанзивец Роберт Хут погоди со глава во 83.минута, по корнерот на Фукс.
Лестер ја прекина серијата од четири натпревари без победа, а исто така го забележа четвртиот триумф во својата историја на стадионот на Тотенхем.
Арсенал и Лестер се израмнети на врвот на табелата со по 43 бодови, сепак поради подобрата гол разлика лидер е Арсенал.
Манчестер Сити ја испушти шансата да се доближи на само еден бод од водечкиот двоец, откако одигра без голови на домашен терен со Евертон. ‘Граѓаните’ упатија 22 удари кон голот на Тим Хауард но не успеаја да го совладаат одличниот Американец.
Челзи два пати водеше против ВБА но не успеа да ја совлада екипата од Бирмингем. Азпиликуета го постиган првиот гол за Челзи по 20 минути игра, а 15 минути подцна израмни Гарднер. Нова предност на Челзи му донесе Меколи, со автогол, во 73.минута, а конечните 2:2 ги постави Меклин во 86.минута.
На останатите натпревари од 21.коло, Саутемптон го совлада Вотфорд со 2:0, Стоук славеше над Норич со 3:1, додека Свонси загуби од Сандерленд со 2:4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет, култура и најсилна врска што не обединува, без разлика каде живееме
-

Трамп за кризата во Сеута: Еве што ги чека САД доколку се вратат демократите
-

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
-

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци
