-->
-->
Столтенберг за „Политико“: Руска победа би била лоша за Европа и Северна Америка и катастрофа за Украинците
-->
Руската победа во Украина би била лоша за сите во Европа и Северна Америка, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Според него, руската победа би испратила порака до авторитативните лидери дека сите цели можат да се постигнат со употреба на сила.
Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, Столтенберг во ексклузивно интервју за американски „Политико“ истакна дека успесите на Киев на бојното поле не би биле можни без поддршката на НАТО.
Тој е убеден дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа воена и финансиска помош за Киев, бидејќи победата на Путин во Украина, исто така, би била катастрофа за Украинците.
Американските медиуми, повикувајќи с ена неименувани извори, пренесуваат дека Пентагон планира да и испрати во Украина нов пакет оружје и друга помош во вредност од 275 милиони долари.
Вашингтон од почетокот на војната со Русија, на 24 февруари годинава, во Украина испорача оружје и друга опрема во вредност од речиси 18 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна