Столтенберг во Вашингтон: НАТО е посилен од порано

НАТО е посилен и поагилен отколку што беше многу години претходно, порача синоќа од Вашингтон генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
По средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа генералниот секретар на новинарите им изјави дека Алијансата ги има наголемите засилувања во колективната одбрана од завршувањето на Студената војна и дека првпат во историјата борбените сили на НАТО се распореднеи на источното крило – во балтичките земји и Полска.
-Тројно го зголемивме обемот на силите за брза реакција, ја модернизиравме командната структура и европските сојузници и Канада сега вложуваат повеќе пари во одбраната и купуваат модерна опрема, рече Столтенберг во коментар на неодамнешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО се наоѓа на умирање, пренесе Галсот на Америка.
Тој додаде и дека НАТО повеќе пати покажа дека, и покрај внатрешните разлики, е обединет околу клучната задача, а тоа е членките да се штитат и бранат една со друга, врз основа на принципот – еден за сите, сите за еден.
-Било кој обид за дистанцирање на Европа од Северна Америка ќе ги ослабне трансатлантските врски и поширока Европа и заради тоа мораме да бидеме обединети, бидејќи тоа е начинот да се грижиме нашите земји и народи да бидат безбедни, порача генералниот секретар на НАТО.
Тој кажа и дека со претседателот Трамп разговарале и за подготовките на самитот на НАТО во Лонодн, на почетокот на декември, и за поголемите издвојувања на членките за одбраната.
Членките сега повеќе вложуваат и до крајот на следната година ќе издвоиме дополнителни повеќе од 100 милијарди долари за одбрана ширум Европа и Канада. Тоа покажува дека јасната порака на претседателот Трамп има вистинско влијание и тоа НАТО ќе го направи посилно, изјави генералниот секретар на Алијансата.
Столтенберг претходно во Стејт департментот се состана со американскиот државен секретар Мајк Помпео со кого го отвори и министерскиот состанок на земјите членки на глобланата коалиција за борба против Исламска држава. На средбата тој кажа дека борбата се уште не е завршена, дека Исламска држава и натаму е закана, а ситуацијата во североисточна Сирија е “нестабилна и тешка“.
Ново на Сител
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
-

Винисиус доби минимална казна, неговата суспензија можеше да биде подолга
-

Приведен црногорски државјанин, возел со брзина од 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч
-

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“
-

Руски напади врз црноморското пристаниште Измаил, погодени два товарни брода
-

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии
