-->
-->
Столтенберг во Собранието се сретна со Џафери и со Мицкоски
-->

Првиот човек на Алијансата, во рамки на денешната посета на Македонија, треба да се сретне и со македонскиот премиер Зоран Заев, како и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи официјални претставници.
По средбата на премиерот Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција.
Покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.
Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.
Во пресрет на референдумот, во Скопје денеска е и министерот за надворешни работи на Лукембург Жан Аселборн, а до крајот на недела доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев