Столтенберг: Вмешувањето на НАТО во Сирија ќе ја влоши ситуацијата
Воена вмешување на НАТО во сирискиот конфликт би можел да ја влоши ситуацијата и да доведе до поголем број на жртви, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во интервју за „Билд ам зонтаг“.
- Во Сирија се соочуваме со ужасна човечка трагедија. Понекогаш, како што беше во Авганистан, примената на сила е правилна одлука, но штетите од воена интервенција се поголеми од користа. Во однос на ситуацијата во Сирија, партнерите од НАТО заклучија дека употребата на воена сила ќе ја направи ужасната ситуација уште покошмарна, посочи Столтенберг.
Еден ден пред одржување на седница на Советот НАТО-Русија, Столтенберг се осврна и на односите меѓу Алијансата и Москва.
- На седницата НАТО ќе побара да се испрати сигнал кон Русија, дека не сака ескалација и студена војна, наведе генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца