Македонија
17. January 2018 - 16:14

Столтенберг вечерва доаѓа во Скопје

Посетата на првиот човек на НАТО е порака сама по себе, велат од Владата. Таа покажува дека Брисел ја препознава и поздравува реформската валдина агенда и напорите тда се оствари,  но и дека вратата на Алијансата е отворена за  Македонија.  Домашаната задча ќе биде завршена до следниот самит на НАТО во јули, сепак процесот на прием е според консензуалниот принцип, така што главен проблем останува Грција и решавање на спорот со името, посочуваат владини извори.

Слична ситуација е и во секторот за одбрана.Столтенберг во Скопје ке биде запознаен со   реформите кои  континуирано се имплементираат согласно стандардите  на Алијансата .

 Од министерството за одбрана велат дека  македонската армија уште пред самитот во Букурешт во 2008 година  е подготвена за влез.

Столтенберг во Скопје пристига вечерва, но официјалните средби ќе започнат утре, со државниот врв и  со партисдките лидери во Собранието , каде тој ќе има обраќање пред пратениците.

Инаку, ова е негова  прва посета на Македонија и воопшто во регионот, на која владата работела уште од јуни мината година.Доагањето  на шефот на НАТО предизвика голем интерес кај  домашната и меѓународна јавност. Според очекувањата  посетата ќе ја следат повеќе од 50 новинари од македонски и странски медиуми. Последен пат, генерален секретар на НАТО беше во земјава во 2014,  кога на проштална посета беше претходникот на Столтенберг, Андрес Фог Расмунсен.