Столтенберг: Турција да покаже воздржаност
Очекуваме од Турција да покаже воздржаност, а нејзините акции во северна Сирија да се одмерени, пропорционални и да се избегнат повеќе човечки страдања, порача од Атина, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од своја страна истакна дека Грција ги осудува турските операции во Сирија и додаде дека е должност НАТО и меѓународната заедница да влијаат за прекин на огнот.
Воените операции на Турција во Сирија, бегалскиот/мигрантскиот проблем, ситуацијата во поширокиот регион и на Балканот и кипарското прашање беа дел од темите што се најдоа на агендата разговори на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Генералниот секретат на НАТО, Јенс Столтенберг на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.
– Имам изјавено дека очекуваме од Турција да покаже воздржаност, а нејзините акции во северна Сирија да се одмерени, пропорционални и да се избегнат повеќе човечки страдања. Треба да запомнеме дека мораме да продолжиме да се држиме заедно во нашата заедничка битка против заедничкиот непријател кој е ИСИС (Исламска држава) – рече Столтенберг и додаде дека целта на НАТО е да се бори против ИД, а во овие обиди учествува и Грција и Турција.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека „Грција уште од прв момент ја осуди оваа еднострана воена акција на Турција на сириска територија“, ги осудува прекршувањата на договорите и границите, но и дека решението за Сирија треба да биде политичко.
– Должност на меѓународната заедница и на НАТО е сега да изврши секакво влијание за да се наметне прекин на огнот за да не ескалира нестабилноста и да се избегнат човечки загуби и нови бранови на бегалци, но и за да не се поништат напорите за мирно решавање на сириската криза – рече Мицотакис.
Генералниот секретар на НАТО денеска во Атина беше примен и од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Ново на Сител
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата во Стоби по повод 1700 од Првиот вселенски собор
-
Падна кран во Битола
-
ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол
-
„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
-
Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
-
Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина