-->
-->
Столтенберг: Се зголемува опасност од терористички напад врз аеродромот во Кабул
-->
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за „Фајненшл тајмс” изјави дека заканата од терористички напад врз аеродрмот во Кабул се зголемува секој ден.
– Од една страна, ние би сакале да имаме што е можно повеќе време за да извлечеме што е можно повеќе луѓе. Меѓутоа… ако останеме по 31 август, особено ако талибанците не ни дадат барем премолчена согласност, заканата од напади расте, истакна Столтенберг.
Тој додаде дека во Кабул се одвива една од најголемите операции за евакуација во историјата.
– По повлекувањето на војниците од Авганистан НАТО ќе продолжи со напорите за евакуација со комерцијални летови и ќе бара од талибанците да ги отворат копнени маршрути, наведе Столтенберг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти