Столтенберг: Русија може да употреби хемиско оружје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство.
Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.
– Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни бидејќи е можно Русија да планира операции со хемиско оружје под превезот на овие измислици и лаги. Тоа би било воено злосторство, рече Столтенберг.
Тој додаде дека иако украинскиот народ досега храбро се спротивставува на руската инвазија, следните денови најверојатно ќе донесат уште поголеми неволји.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
