Столтенберг: Бомбардирањето врз СРЈ беше легитимно и неопходно

Историјата покажа дека бомбардирањето на СРЈ во 1999 година беше неопходно и легитимно бидејќи го прекина насилството, а бегалците можеа да се вратат дома, додека КФОР помогна да се создаде безбедна средина во Косово за сите, вклучително и српските заедници, смета генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Знам дека НАТО се уште предизвикува контроверзи во Србија, а многумина се уште имаат болни спомени од воздушната кампања во 1999 година. Уште потешко за оние што ги изгубија најблиските. Секој изгубен невин живот е трагедија, а ние длабоко жалиме поради тоа”, вели Јенс Столтенберг за „Политика“.
„Таа кампања никогаш не беше насочена против српскиот народ”.
„Напротив, целта беше да се заштитат цивилите во поширокиот регион со запирање на активностите на режимот на Милошевиќ, што ги осуди меѓународната заедница. Ние никогаш не смееме да го заборавиме минатото, но мора да научиме од него и да го оставиме зад себе”, нагласи Столтенберг.
Тој додаде дека тоа е она што НАТО и Србија го прават преку партнерството, е корисно за НАТО, за Србија и за поширокиот регион.
Ново на Сител
-

20-годишник од скопско бегајќи од полиција со возило удрил во бетонски ѕид и во полициски автомобил
-

Шумски пожар уништи десетици домови во американската сојузна држава Невада
-

Мицкоски: Силно го поддржуваме Трамп, сакаме стратешкиот дијалог со САД да донесе конкретни резултати
-

Поради сообраќајка целосно блокиран патот Крива Паланка – Куманово
-

Биткоинот над 80 илјади долари, највисоко ниво од мај
-

УХМР: Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за невреме
-

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
