-->
-->
Стоилов: Очекувам позитивен резултат на гостувањето во Германија
-->
Ракометарите на Вардар четврта сезона по ред ќе бидат учесници на 1/4 финалните натпревари од Лигата на шампионите. Исто како и пред четири сезони ривал им е бундеслигашот Флензбург екипа која е најголем кандидат за првото место во Бундес лигата.
На денешната прес конфренција капитенот на Вардар Стојанче Стоилов истакна:
- Ова е нашата најдобра сезона досега. завршивме како први во групата од Лигата на шампионите, ја освоивме СЕХА лигата. Мислам дека тимот е сега доволно зрел да избори пласман на завршниот турнир. За тоа да го постигнеме мораме да постигнеме позитивен резултат на гостувањето во Германија.
Еден од најискусните во составот на Вардар со одиграни нок аут натпревар во ЛШ е голманот Арпад Штербик, кој има одиграно голем број вакви натпревари и во своите претходни екипи.
- Тука сме кај што сакавме да бидеме. Имаме ривал кого го почитуваме. Имаме добра шанса да го минеме противикот. Верувам во клубот, во публиката и треба да одиграме за македонските навивачи. Македонскиот ракомет и Вардар заслужуваат да одат чекор понапред.
Тренерот Раул Гонзалез е свесен за предизвикот што го очекува.
- Ние сме подготвени. Мал проблем е болеста на Игор Карачиќ, кој не тренираше изминативе денови. Сите треба да играме сигурно. сакам да играме на Ф4 во Келн, но треба да го одиграме најдобриот натпревар сезонава.
На прес конференцијата како гости присуствуваа претседателот на РФМ Живко Мукаетов, генералниот секретар на РФМ Филип Милошевски, како и претседателот на СЕХА лигата Михајло Михајловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид