Стоилов: Ќе биде „војна“!

„Имаме два натпревара, две победи. Пред да дојдеме тука, рековме дека ќе одиме чекор по чекор, без еуфорија, без ветувања. Одигравме супер тежок натпревар со Словенија и го добивме, одигравме тежок натпревар со Црна Гора, исто така го добивме. Се наоѓаме во многу добра позиција, играме со шампионот на Европа во следното коло, Германија, која важи за голем фаворит. Се надевам дека ќе одиграме како досега, борбено и максимално. Одбраната ни е главно оружје на ова првенство и ако ни се отвори шанса, да изненадиме, ако не – здравје“, изјави Стојанче Стоилов.
Тој додава дека очекува многу борба. „Словенците играа многу агресивно, цело полувреме на граница на исклучување. Можеби заслужија повеќе исклучувања. Но, тоа е ракометот. Знаевме дека ќе биде грубо, таква е играта. За Германците немам што да кажам многу. Не сме се подготвувале за нив. Ќе видиме, очекувам многу борба, тие исто така важат за доста груба и агресивна репрезентација, со врвни играчи. Наше е да дадеме сè од себе, па што биде нека биде“, вели Стоилов пред утрешниот меч со Германија на Европското ракометно првенство во Загреб.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
