Стоилковски: Со менувањето на нашиот идентитет сакаат да направат нов народ на Балканот, без корени и без врски

Политичарите кои ги бива да лажат и да манипулираат имаат име и презиме. Тоа е Зоран Заев и картелот околу него. Политичарите кои се коцкаат со идентитетот на македонскиот народ и граѓаните да ги ставаат како влог „олл ин“ имаат име и презиме. Тоа е Зоран Заев и картелот околу него.
Зоран Заев и таквите како него не разбираат и не можат да разберат дека не се сите исти. Има политичари кои не лажат, кои имаат достоинство и на кои државните и националните интереси им се приоритет.
Почитувани,
Остануваат уште четири дена до референдумското изјаснување на кое Зоран Заев бара поддршка од граѓаните да се само укинат како народ. Уште четири дена, а Заев ги крие амандманите на македонскиот Устав скроени по грчка мерка кои јавноста ги дознава преку медиуми. Зоран Заев и потписниците на капитулантскиот договор, со прифатените планирани измени на преамбулата на Уставот доставени од Грција, го бришат историскиот контекст на македонската борба за независна и самостојна држава. Се брише АСНОМ, а се брише и сувереноста. Со измените во Преамбулата се создава нова бинационална држава.
Почитувани,
Според информациите на медиумите за доставените измени Преамбулата би гласела:
„Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите.“
Почитувани,
Вчерашниот обид за манипулација од власта за планираните измени во Уставот, покажува дека се свесни дека се фатени во лагата дека наводно не ги знаат амандманите и измените, па тргнаа со нова лага, со обид за привид за штетните измени.
Заев договорил, а Димитров спроведува изедначување на македонското малцинство во соседството со македонската дијаспора во светот! Тоа не смее да се случи! Тоа се две различни категории. Дијаспората е економска категорија, луѓе кои по различни економски причини заминале во светот. Малцинството е политичка категорија која се поврзува со заедничкото етничко потекло.
Почитувани,
Македонското малцинство во Грција кое се бори за признавање, но и за исправање на историската неправда проследена со прогони, етничко чистење и насилна асимилација, сега според најавените амандмански измени на Уставот, макар и да не мине референдумот, како што најавува власта, нема да бидат Македонци со заедничко етничко потекло со Македонците од планираната нова нација и нова држава.
И тоа било зачувување и зајакнување на идентитет и историјата според Заев, Димитров и кланот на власта. Изедначување на македонското малцинство во соседството со дијаспората, заедно со бришење на топонимите значи целосно бришење на македонското постоење во северниот дел на Грција од историјата.
Ние ќе бидеме Северните Македонци, тие што живеат во Егејска Македонија ќе бидат грчки Македонци бидејќи според чл.7 од договорот им е дозволено да бидат поврзувани со хеленската цивилизација, култура, традиција, историја. Ќе се создаде вистински етнички хаос меѓу нас што живееме во Република Македонија или како што планираат по ново Република Северна Македонија и сите други. А, тоа е и целта, да не изолираат и со тек на време да исчезнеме како мала нерелевантна група, а сите Македонци во дијаспората да ги одродат од нас. Напросто, со менувањето на нашиот идентитет сакаат да направат нов народ на Балканот, без корени и без врски.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
