Стоилковски: Нема ни струја ни парно, а Владата купува златен прибор

Македонија нема струја, Македонија нема гас, Македонија нема јаглен, Владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки.
Скопје нема парно, Тетово нема вода, Владата купува златни тањири, лажици и вилушки. 60.000 нови невработени, стотици затворени компании, девастирана економија, а Владата купува златни тањири, лажици и вилушки.
Странски инвестиции нема, капитални инвестиции нема, за тутунарите пари нема, за овоштарите пари нема, а има за златни тањири и вилушки за владата.
Секоја држава има мафија, а тука Мафијата има држава, живи луѓе горат, одговорност нема, а ма има златни тањири и златни вилушки, нови за Владата!
Покачени сметки за струја, парно, гас и горива, среде енергетска кризна состојба, Македонија тоне во криза, а владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки!
За што? За да достојно, така царски, го дочека пиунот Ковачевски со неговата заева свита во Владата со златни тањири.
Ова е пример за чиста забеганост, ова е непотребно, одлепено луксузирање врз грбот на луѓето.
Срамно и безобразно однесување.
Златен прибор се плаќа од буџет сега, за од нив да јадат министрите од СДСМ, ДУИ, Алтернатива, и кога ќе им дојдат на ручек Павле Трајанов, Морачанин и оној Горан Милевски.
Секој ден поминат без брзи избори, е само ден минат со нов пораз за Македонија!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
