Стоилковски: Луксузната вила од 300м² Шилегов ја вреднува колку еднособен стан
Од тука од Маврово ви презентирам уште еден луксуз на Петре Шилегов, градоначалник на заминување на Скопје, купен на Маврово со чиновничка градоначалничка плата.
Ова зад мене е вилата, луксузната вила од над 300 м2, на два спрата, со луксузен двор, со луксузна летна кујна, со луксузна ограда правена од камен и со сите можни удобствија направени и земени за само една година чиновничка плата на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје.
И овој луксуз, овие 300 луксузни квадрати на Маврово, Петре Шилегов ги прикажува како платени односно со вредност од 55.000 евра.
Овој цел луксуз Петре Шилегов го пријавува колку еден стан од 40-тина квадрати во центарот на Скопје.
Петре Шилегов за само една година купува ваков луксуз, гради ваков луксуз од 300м2, само површина на куќата, на луксузната вила. А, по неполни три години започнува со градба нелегално, дивоградба, без документи, на семејна зграда од четири спрата и 400 м2 во центарот на општина Карпош, на многу атрактивна локација.
Ако ова сето не раѓа сомнеж за потеклото на имот на Петре Шилегов, кој што во својот мандат успеал со градоначалничка плата да создаде ова богатство и да изгради уште едно богатство семејна зграда во центарот на Карпош и тоа без документи, тогаш веројатно е нешто многу згрешено во овој систем кој што не функционира.
Нема ништо полошо од СДСМ за Скопје, нема ништо полошо од Петре Шилегов.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања