Стоилковски: Филипче е одговорен за уништување на инсулин со валиден рок
Венко Филипче е одговорен за уништување на инсулин со валиден рок.
Венко Филипче не нуди одговори на клучните прашања и лиферува лаги со цел да го прикрие според нашите сомнежи очигледниот криминал со инсулинот.
Неговото главно тврдење дека производителот не гарантирал ладен ланец, е чиста лага, затоа што со купувањето на секој производ тој преставува грижа на купувачот, во овој случај министерството за здравство на Венко Филипче.
Филипче не одговара на клучното прашање, а тоа е кога точно е произведен инсулинот, ако се знае дека рокот на траење е до 6-ти месец следната година. Не одговара затоа што овој инсулин е произведен во време кога Филипче е министер, а Заев премиер.
Воедно Филипче не одговара зошто ако воопшто некој набавил сомнителен инсулин против него нема правна постапка и одговорност или пак се е лага за да се предизвика нова инсулинска криза и да се намести нов тендер.
Потребна е кривична одговорност за Венко Филипче и за вклучените во уништувањето на инсулинот со валиден рок. Уништен е здрав инсулин и е направена штета на буџетот. Ја повикуваме државната комисија за спречување на корупцијата да утврди кривична одговорност за Филипче и останатите вклучени во уништувањето на инсулинот со валиден рок на траење.
Сомневањата се дека е предизвикано намерно и свесно уништување со цел да се набави нова количина од близок на власта добавувач.
Целата документација ја доставуваме до комисијата, а од Филипче очекуваме одговори на нашите прашања.
Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25
-
Мицкоски и Тошковски присуствува на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје
-
За една година уништени 300 тони небезбедна храна
-
Презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на бригадата за ПЗ Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада