Стоичков го предомислува Кутињо

Филипе Кутињо не треба да помислува да побара нов клуб ова лето, вели легендата на Барселона, Христо Стоичков, одговарајќи на неверојатните шпекулации дека Бразилецот по 12 месеци, размислува да ја прифати големата понуда на Манчестер јунајтед.
Кутињо дојде на „Камп Ноу“ во јануари 2018 за големи пари и од него се очекуваше да биде клучен фудбалер покрај Лионел Меси, Луис Суарез и Усман Дембеле, но тој се мачи со постојаноста и е цел на многу критики.
Бугарската фудбалска легенда Стоичков вели дека 26-годишниот Кутињо мора да ја докаже својата вредност во Барселона повикувајќи на малку доверба во отворено писмо до „Мундо депортиво“.
„Ги пишувам овие зборови за тебе за да ти дадам целосно искрена поддршка во овие тешки моменти бидејќи сум сигурен дека има многу фудбалери што би сакале да бидат во истата позиција како тебе кога ги постигна тие два гола против Севилја во купот. Првиот гол, кога неверојатен фудбалер како Меси побара ти да го изведуваш пеналот, е многу значаен. Барса не е лесен клуб и во првите мои неколку месеци таму и јас страдав како тебе. Знам како е да чувствуваш дека работите не одат како што сакаш, но со работа можеш да одиш само напред. Уживај како што уживаш со Бразил. Јас се обидував да уживам во играњето како кога играв за Бугарија и на крајот чувството беше исто. На крајот мала услуга од тебе. Те молам, не помислувај да му се приклучиш на друг клуб. Нема друг клуб како нашиот. Затоа велат дека е повеќе од клуб. Ти посакувам сè најдобро со цело срце и сигурен сум дека ќе напишеш историја со Барса. Главата горе! Голем поздрав, Христо“, напиша Стоичков.
Ново на Сител
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
-

Собранието ќе ја почне 108-та седница
-

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
-

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари
-

Зеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
