Сто години од смртта на Димитар Пинџуров од Ваташа

Денеска се одбележуваат 100 години од смртта на Димитар Пинџуров од Ваташа, татко на народниот херој Страшо Пинџур, кој и самиот бил истакнат револуционер.
Димитар Пинџуров бил роден во 1884 година, во револуционерно семејство во Ваташа. Завршил основно училиште и двокласна нижа гимназија во Кавадарци, а потоа го продолжил образованието во Солунската машка гимназија. По завршувањето на школувањето извесен период работел како учител во селото Рожден се до моментот кога турските власти не откриле дека се занимава со револуционерна дејност. Во пролетта 1905 година заедно со Лазо Сојтериев и Никола Шишков заминал во четата на војводата Добри Даскалов. Учествувал во Ресавската борба во јули 1905 година.
- Кога за тоа дознале турците, страшни биле последиците по неговото семејство. Ја уапсиле неговата сестра Таска, а потоа и ја убиле, вели историчарот Петре Камчевски, директор на музејот во Кавадарци.
Во 1906 година Димитар преминал во четата на војводата Апостол Петков, а нешто подоцна во таа на Аргир Манасиев, каде ја вршел должноста на секретар на чета.
По Младотурската Револуција Диме Пинџуров се преселил во Гевгелија и бил еден од раководителите на Народната федеративна партија од овој град. Тој бил жесток борец против појавата на гркоманството во тој крај. Во 1911 година се вратил во родната Тиквешија. Истата година се оженил, но неговиот буен и жив темперамент не мирувал. Незадоволен од ветувањата на младотурците, се одметнал во планината и се приклучил во четата на војводата Христо Чернопеев. Активно учествувал во Балканските војни во единиците на МОРО, основани од страна на Јане Сандански.
- Во јуни 1913 година бил еден од организаторите и активно учествувал во Тиквешкото востание, а бил избран и за член на Главниот штаб на востанието. По задушувањето на востанието се преселил во Струмица, од каде повторно заминал во четата на војводата Чернопеев. Во 1914 година во Струмица дошле неговата мајка Наца и сопругата и извесен период тој водел мирен и семеен живот, работејќи како учител. На 5 март во тој град му се родил синот првенец, а неговиот кум Чернопеев, му го дал името Страхил, нагласува Камчевски.
Диме загинал во борбите кај Криволак за време на првата светска војна, како подофицир во првиот македонски полк на 15 октомври 1915 година.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
