Џет-Сет
23. December 2016 - 9:38

Стиви Вондер доби улица во Детроит

Музичарот Стиви Вондер доби улица во Детроит, каде ја почна музичката кариера.

Вондер пред два дена присуствуваше на церемонијата во негова чест заедно со градоначалникот Мајк Дуган и член на Претставничкиот дом Џон Конјерс. На два блока од местото на кое беше првата куќа на Вондер во Детроит, сега се наоѓа на Авенијата Стиви Вондер.

Вондер се пресели во Детроит како дете и уште како момче потпиша за познатата издавачка куќа Мотаун рекордс.

Во текот на кариерата, Вондер доби повеќе од 20 Греми награди, а со Френк Синатра, музичарот три пати доби Греми за албум на годината.