Стивен Биган именуван за заменик државен секретар на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше специјалниот претставник за Северна Кореја, Стивен Биган, ветеран на американската надворешна политика, за следен заменик државен секретар.
Неименуван американски функционер кажа дека Биган ќе ги задржи своите задолженија во дипломатијата со Северна Кореја.
Тој ќе го замени Џон Саливен на втората позиција во Стејт департментот. Британските медиуми пренесуваат дека Саливен е именуван за нов амбадсадор во Русија.
Номинацијата на Биган ужива широка поддршка меѓу високите дипломати, а тој се смета и за најсоодветниот кандидат за наследник на државниот секретар, во случај Мајк Помпео да одлучи да се повлече од функцијата и следната година да се кандидира за место во Сенатот.
Биган (56) ги водеше разговорите со Северна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, што од февруари се во застој по вториот неуспешен самит меѓу Трамп и Ким Џонг-ун во Ханој.
Ново на Сител
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД
-
Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонските производи
-
Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
-
УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
-
Димитриевски: На средината од август ќе бидат познати деталите од коалициските преговори со ВМРО-ДПМНЕ
-
Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник