Стисни Плеј го прослави четвртиот роденден

Музичка емисија „Стисни Плеј“ која се емитува на првиот канал на јавниот сервис, вчеравечер одбележа четири години успешна работа.
Во присуство на бројни пријатели, колеги, соработници, изведувачи и автори, меѓу кои Ѓоко Танески, Роберт Билбилов, Виктор Апостоловски, Јана Бурчевска, Сара Мејс, Александар Тарабунов...се одржа голема роденденска забава во пивницата „Стар Град“ во Скопје.
- Во тек е петтата сезона на „Стисни Плеј“ и со севкупниот визуелен и содржински пакет сметаме дека во моментов за публиката ја имаме нашата најдобра верзија. Имаме млада и повозрасна публика и тоа нè прави навистина среќни, бидејќи наша целна група се сите оние љубители на квалитетна македонска музика. И благодариме на публиката која ни остана верна, а пред се на одговорните во МРТ од кои ја добивме довербата и поддршката за еден ваков проект. Им благодариме на колегите новинари кои први го препознаа нашиот квалитет, вели Марко Марк, водител и соработник на проектот.
Првото издание на „Стисни Плеј“ се емитуваше на 10 ноември 2011-та година, а оттогаш се реализирани 167 изданија. Следното 168 ќе биде посветено на четвртиот роденден на „Стисни Плеј“. Стисни Плеј премиерно се емитува секој петок со почеток во 20 часот и 15 минути, на МТВ 1.
Ново на Сител
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-

Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
-

Расправија прераснала во тепачка: Две скопјанки се пресметале во Аеродром
-

Го довел во заблуда и склучил договор за товарно возило од 11.000 евра, кривична за 31-годишник
-

Срамно ВИДЕО: Со комбе донесе вреќи и кутии со ѓубре и ги фрли директно во Радика
-

Мицкоски: За две години остварени околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции, разликата со претходната влада е огромна
