Стипендии за ученици од социјално загрозени семејства
Седумте ученици, нови стипендисти на општина Центар, денеска беа примени од градоначалникот на општината, Андреј Жерновски.
Учениците, како што соопшти општина Центар, се избрани од редот на 4.000 ученици во седумте општински основни училишта, според однапред определени критериуми. Тие покажале успех во учењето, се истакнуваат по своето знаење и креативност по одредени предмети и доаѓаат од социјално загрозени семејства.
Учениците биле избрани од посебна комисија која ги ценела резултатите и состојбата во која што живеат децата, односно дали живеат со самохран родител, во семејство со родители со попречености, дали живеат во старателско семејство, дали се станбено необезбедени или дали станува збор за раселени лица.
Општина Центар оваа година за првпат доделува и ваков тип стипендии, ценејќи ја и наградувајќи ја посветената работа на учениците, нивниот талент и помаѓајќи им финансиски, бидејќи живеат во социјално загрозени семејства.
Ново на Сител
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка