Стипе Месиќ стана почесен граѓанин на Гостивар
Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ стана почесен граѓанин на Гостивар со одлуката на Советот на општината која сите соведници ја поддржаа на денешната седница. Во образложението на предлогот се вели дека дека овој политичар својата кариера ја посветил на намалување на поделбите и промовирање на демократски вредности. Месиќ ќе го дојде во вторник 3 ноември во Гостивар кога на свеченост ќе му биде врачено признанието за почесен граѓанин.
Ова е второ вакво признание за Стипе Месиќ во Македонија. Во април 2012 општина Тетово исто така му оддаде признание почесен граѓанин на Тетово, а беа одржани неколку церемонии и свечен прием за поранешниот хрватски претседател. Месиќ покрај претседателската функција на СФРЈ, беше премиер и во два наврати претседател на Хрватска.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
