Стипе Месиќ: Албанските политичари во Македонија се конструктивни во разговорите за името
Разговорите меѓу Скопје и Атина околу прашањето за името, улогата на албанскиот политички фактор во Македонија во овој процес, како и ангажманот на Владата на премиерот Зоран Заев да изгради држава за сите граѓани на Македонија, беа теми на разговорот на поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, за новинската агенција Журнал.
- Секогаш е добро кога две држави разговараат. Проблемот кој го има Грција со уставното име на Македонија траеше премногу долго. Имајќи го предвид севкупниот развој на глобално ниво, сметам дека меѓународните и регионалните односи, како и клучот за стабилност внатре во овие држави е решението на овој спор. Решението е во рацете на официјално Скопје и официјална Атина. Сепак многу е важно да се има силна поддршка од меѓунарондата заедница, за овој спор да се реши и да биде прифатлив за двете страни. Искрено, се надевам дека овој спор ќе се реши и дека ова би било во полза на двете земји, но и за целиот регион, кој треба да оди напред во евроатлантските интеграции, изјави Месиќ за Журнал.
Според него и албанскиот политички фактор директно е вклучен во разговорите за прашањето за името и игра конструктивна улога.
- Албанскиот политички фактор во Македонија е претставен во институциите на Република Македонија, како и во Владата. Колку што ја следам состојбата, гледам дека албанските политичари во Македонија играат конструктивна улога кога се во прашање преговорите за прашањето за името со Грција. Од тоа што ја следам состојбата, во разговорите со Грција околу прашањето со името е вклучен и вицепремиерот Бујар Османи. Ако добро паметам, тој за ова прашање неколку пати ја посети Атина. Сегашната Влада на Република Македонија, предводена од Зоран Заев, дава позитивни сигнали во однос на соседите, регионот и меѓународната заедница, истакна Месиќ.
Тој смета дека политиките на Владата на Република Македонија се водат под слоганот „Влада за граѓаните“ и „Една држава за сите“ и тука гледа дека доминира државниот концепт.
- Македонија е мултиетничка држава и тука е многу важно да се постави меѓуетнички баланс и хармонија на соживот, и дека една етничка заедница не треба да се чуствува запоставена, но и да не биде привелегирана. Во овој правец работи сегашната Влада на Македонија и треба да признаам дека има постигнато голем историски напредок, смета Месиќ.
Ново на Сител
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети