Стинг во октомври доаѓа во Скопје

Едно од најголемите светски музички имиња, Стинг, на 15 октомври годинава ќе одржи концерт во Скопје во арената „Борис Трајковски“.
Концертот се одржува во рамки на неговата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум.
Стинг, заедно со Ролинг Стоунс, Брус Спрингстин, Ју-ту, Депеш мод, Колдплеј..., е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.
Стинг е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти. Дел од летото му е резервирано за Европа, а на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври.
На оваа турнеја, Стинг свири неколку песни од новиот албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група Полис: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…
Неговиот придружен состав го сочинуваат Доминик Милер (гитара), Џош Фрис (тапани), Руфус Милер (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на Стинг, ќе настапи и Џо Самнер, информира организаторот на концерот, Авалон продукција.
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
