Стихови од десетина македонски поети на Европската ноќ на литературата во Софија
Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе учествува во шестата Европска ноќ на литературата-2017, која во Софија и во 12 градови низ Бугарија се одржува во рамки на програмите ЕУНИК (Европска асоцијација на културни институции).
КИЦ на РМ петта година се вклучува во овој европски проект. Како и во минатите, и оваа година нашиот КИЦ претставуван од директорот Васко Шутаров, беше дел од организацискиот одбор на оваа голема манифестација.
Македонската презентација на Ноќта на литературата вечер ќе се одвива од 18 до 22 часот во галерискиот простор „Софија" во Столичната библиотека. Ќе бидат интерпретирани стихови од десетина македонски поети од антологијата „Портал на Сонцето", која минатата година беше објавена од бугарското книгоиздателство „Ерго“. Стихови ќе читаат актерите Игор Дамјанов, Тодор Тодоров и Ѓорги Георгиев-Антика.
Ноќта на литературата е меѓународен настан на кој истата ноќ во голем број градови низ Европа се одржуваат литературни читања на необични места т.н. гнезда. На шестото издание на манифестацијата во Софија, покрај КИЦ на Република Македонија, ќе учествуваат дваесетина странски амбасади, културни институти и центри кои имаат свои седишта во главниот град на Бугарија. Тие ќе претстават свои познати книжевни имиња преведени на бугарски јазик.
Новина на годинашнава Европска ноќ на литературата е поставувањето Поезиомат во Градската градина во Софија, како што досега имаат Прага, Киев, Лондон, Москва, Венеција и Њујорк.
Слично на џубоксот за избор на музика, посетителите со притискање копче може да изберат поезија која би сакале да ја слушнат. Софискиот „Поезиомат" вклучува 19 светски поетски имиња, а меѓу нив е и Ацо Шопов со песната „Ветрот носи убаво време".
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол