Стигнаа 100.000 вакцини донација од кинеската армија, Филипче уверува дека имунизацијата се врши според возрасната граница
Уште 100.000 вакцини од Синофарм им се на располагање на македонските граѓани. Донацијата од Народна Републкика Кина со порака “ Пријателот во неволја е поблизок од брат ” утрово беше складирана во Поликлиниката “Јане Сандански”.
-Oва е уште една конкретна акција за помош на македонските граѓани и демонстрирање на духот на протјателство, изјави Џанг Ѕу, амбасадор на Народна Република Кина во земјава.
Министерот за здравство уверува дека вакцинацијата против Ковид -19 во земјава продолжува според возраста, а приоритет имаат граѓаните над 70 години. За случаите на вакцинирани млади лица во некои општини Филипче изјави дека во тие пунктови било исцрпено вакцинирањето на повозрасните и затоа помладите добиле термин бидејќи биле пријавени на сајтот.
Од приоритетните групи идната недела ќе се вакцинираат околу 2000 лица со ретки болести, денеска почна имунизацијата на пациентите на дијализа и трансплантираните.
- Тоа е првата приоритена група на пациенти кои имаат некаква форма на хронична болест. Потоа ќе следат сите пациенти кои имаат потешка форма на некаква хронична болест која може да го засега најпрво како приоритет респираторниот систем. Тука се влезени и децата, родителите со цистична фиброза, дел од пациентите со ретки болести и понатаму сите други, рече Филипче.
Министерката за одбрана очекува во најскоро време да бидат вакцинирани и поголем број припатници на армијата, но ќе направеле распоред според одредени критериуми.
-На пример според возраста, оние кои прележале да не се вакцинираат меѓу првите. Очекувам еден добар дел од оваа донација да бидат наменети за армијата и инистерството бидејќи е донација од Армија, изјави Радмила Шеќеринска, министер за одбрана.
Поради забраната за вакцинирање на помлади од 60 години со АстраЗенека во земјава, граѓаните кои примија една доза во Србија, Филипче истакна дека кај нас може да се ревакцинираат со Синофарм или Фајзер, но треба да се пријават кај матичните лекари за да добијат термин.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар