Стерјовски: Македонците од ЕУ бараат отворање преговори со Македонија и со Албанија
Од името на Македонците во Албанија и единственетата нивна партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги повикувам земјите-членки на Европската унија да гласаат за започнување на преговорите на Република Македонија и Република Албанија со Европската унија на следниот состанок на Европскиот совет во октомври.
Апелот го упати пратеникот од МАЕИ и нејзин лидер, Васил Стерјовски, од собраниската говорница на денешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом, на која на дневен ред е Нацрт-резолуција со која ќе се побара започнување на преговорите на Република Албанија за членство во Европската унија.
-Членството на Република Албанија и Република Македонија во Европската унија е поддржано од мнозинството граѓани на двете држави и ќе придонесе за благосостојба, мир и безбедност на двете држави и на Балканот во целина. Јас лично ќе вложам се од себе, заедно со сите Вас, до крајот на мандатот да ги остварам обврските на пратеник во ова Собрание во врска со процесот на интеграција на нашата земја во Европската унија, нагласи Стерјовски.
Искажувајќи поддршка за Нацрт-резолуцијата посочи дека МАЕИ ја поддржува интеграцијата на Република Албанија во ЕУ и ќе работи за нејзина европска интеграција, потпирајќи се на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.
Според него, европската интеграција е заедничка обврска на сите во Албанија: Албанците, Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Србите, Црногорците и Бошњаците.
-Ја искажувам и поддршката на мојата партија за правната реформа како една од главните реформи на граѓаните на Албанија и од надлежните органи бараме спроведување на законите, конкретни резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, унапредување на човековите и малцинските права, нагласи Стерјовски.
Тој ја изнесе и оценката околу изборната реформа, која, како што рече, бара политички консензус и инклузивност и треба да заврши со ревизија на изборниот систем, гарантирање на слободни и фер избори и застапеност на малцинствата со загарантирани места во Парламентот, како во многу напредни европски земји.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК

