-->
-->
Стенли куп: Трофејот за Кепитолс
-->
Вашингтон кепитолс првпат во историјата ја освои шампионската титула во северноамериканската професионална хокеарска лига, НХЛ. Кепитолс во финалето го завладеа Лас Вегас најтс со вкупен резултат 4-1. Петтиот меч од серијата му припадна на Вашингтон со 4:3.Кепитолс одигра брилијантна серија и со исклучок на првиот меч, во кој беше целосно надигран, на другите четири натпревари беше подобриот тим. Голем успех постигна и Лас Вегас бидејќи во својата прва сезона во НХЛ успеа да го освои Западот и да влезе во борба за Стенли-купот.
Во првата четвртина немаше голови, а во седмата минута од втората третина предност на Кепитолс му донесе Врана. Три минути подоцна израмни Шмид, а веќе во наредниот напад Овечкин ја врати предноста кај Вашингтон.
До крајот на оваа третина хокеарите на Лас Вегас направија пресврт преку Перон и Смит.
Последната третина им припадна на гостите од Вашингтон, најпрвин Смит-Пели израмни на 3-3, а потоа Елер ги постави конечните 3:4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
