Стејт департментот распиша потерница вредна пет милиони долари за нарко трговец од Мексико
Стејт департментот распиша потерница вредна пет милиони долари за информација што би довела до апсење или судска осуда на мексиканскиот трговец со дрога Исус „Чуи Гонзалес“ Гонзалес-Пенуелес.
Според соопштението објaвeно денеска се вели дека Гонзалес-Пенуелес предводи независна организација за производство и дистрибуција на синтетичката дрога метамфетaмин, марихуана, хероин и кокаин. Тој исто така е одговорен за транспорт и продажба на кокаин и фетанил пилули маскирани како оксикодон.
Гонзалес-Пенуелес е обвинет според тужби за меѓународна трговија со наркотичи средства поднесени од округот Колорадо и јужниот округ на Калифорнија.
Потерницата е распишана според Програмата за наркотици на Стејт департментот и координирана од Бирото за меѓународни наркотички и безбедносни работи.
Според оваа програма од 1986 година досега пред лицето на правдата биле ставени 90 меѓународни злосторници и биле уплатени над 170 милиони долари награди за информации што помагаат во апсења и судски осуди.
Ново на Сител
-
Жена и ставила перница на глава на бабата на својот сопруг и пробала да ја задуши
-
Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата
-
На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час
-
Русија ликува по Самитот на Трамп, а Путин наводно ги бара Доњецк и Луганск
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа