Стејт департмент: Зближувањето меѓу Русија и Турција не го загрижува Вашингтон
САД не покажуваат загриженост од забележливото затоплување на односите меѓу Русија и Турција по нивниот неодамнешен период на заладени односи, и од перспективата за зацврстување на билатералните воено-технички врски меѓу Москва и Анкара, изјави вчера на редовниот брифинг со новинарите портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, пренесе ТАСС.
- Што се однесува до промените во билатералните односи меѓу Турција и Русија, тоа е нивна работа. Се разбира, не постои забрана за тоа. Нема причини за загриженост, изјави Кирби.
Тој забележа дека Турција останува сојузник (на САД) во НАТО и важен партнер во борбата против Исламска држава.
- САД, од своја страна, ќе продолжат да бараат патишта за продлабочување и зацрстување на сопствените односи со Турција, уверува Кирби.
Тој Анкара ја оцени како „клучен сојузник, партнер и пријател“ на САД и повторно ги отфрли обвинувањата за учество на Вашингтон во неодамнешниот обид за државен преврат во Турција.
Истовремено, забележа портпаролот на Стејт департментот, САД не планираат да ги затворат очите пред ограничувањето на демократските права и слободи во Турција.
Вашингтон „не стравува да ја изразува, во приватни разговори и јавно, својата загриженост за ова прашање, затоа што „иднината на Турција е од големо значење за САД“, додаде американскиот дипломат.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци