Стефковски: Полициски патроли ќе има во автобусите сè до целосно надминување на проблемите

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, попладнево учествуваше во воведените полициски патроли во автобусите на ЈСП Скопје, по немилите настани кои минатата недела се случуваа на територија на општина Гази Баба, а на својот Фејсбук профил објави дека полициски патроли ќе има во автобусите сè до целосно надминување на проблемите.
– Попладнево лично имав можност заедно со претставници на полициската станица од општа надлежност Гази Баба да патувам со автобусот на ЈСП Скопје со број 65 од Автокоманда до Стајковци.
Се сретнав со средношколци но и граѓани со кои разговаравме по однос на немилите настани кои минатата недела се случуваа во овој автобус и мојата порака до сите беше: насилството мора да запре!
Полициски патроли ќе има во автобусите се до целосно надминување на ваквите проблеми.
Моето лично учество во денешната патрола е со цел уште еднаш јасно да ја потврдам мојата решителност како градоначалник на општина Гази Баба за тоа дека вакви настани во иднина нема да дозволиме да се случат, стои во објавата.
Дополни дека секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности и, како што наведува, само тогаш системот целосно ќе функционира.
Ново на Сител
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
-

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
