Македонија
25. December 2021 - 19:54

Стефковски на увид на градежните работи за асфалтирање улица во Колонија

 Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски попладнево направи увид на градежните работи за асфалтирање на крак од улицата 1 во населено место Колонија, соопштија од прес-службата на Општината.

Градоначалникот Стефковски објави и на негоивот фејсбук профил, дека кракот е во должина од 220 метри.

-Во Гази Баба нема да има заборавени населени места. Секаде ќе инвестираме.
Со денешното асфалтирање во изминатите 60-тина дена од мојот мандат на територија на Општина Гази Баба се асфалтирани локални улици во должина од над 2000 метри, напиша Стефковски на фејсбук статусот.