Стефковски: Фекална канализација за Страчинци, инвестиција во прва фаза вредна над 5 милиони денари
Денеска започнуваме со изградба на фекална канализациона мрежа во населеното место Страчинци. Овој проект опфаќа три крака. Крак еден, крак два и крак три во прва фаза, во вкупна должина од 710 м2. Инвестицијата е 5.173.000 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба.
Со почетокот на реализација на низа проекти во Гази Баба докажуваме дека Гази Баба ќе се менува и ќе се гради. Во периодот што претстои пред нас и во 2022 година најавувам низа на проекти со цел да ја направиме општина Гази Баба инфраструктурно развиена и еколошки чиста општина.
После повеќе од 50-тина години во ова населено место започнуваме со ваков капитален проект за фекална канализација и многу ми е мило што граѓаните на населено место Страчинци во наредниот период ќе имаат и ќе добијат фекален канализационен систем.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета