Стефановиќ: Северна Македонија ќе го прекрши меѓународното право ако не го испорача Морина на Србија

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека не може да верува оти Северна Македонија нема да го екстрадира Тимор Морина, бидејќи тоа би било непочитување на меѓународното право.
-Сите земји што се дел од Интерпол треба да се придржуваат кон меѓународните прописи. Северна Македонија треба, врз основа на потерницата и документите, кои Србија ги има пратено, да го предаде Морина на државните органи кои на тоа имаат право, изјави денеска Стефановиќ при распределбата на противпожарните и услужните возила на единиците на МВР.
Тимор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, беше уапсен во Северна Македонија, откако беше изден налог од Србија, кој ја бара неговата екстрадиција. Барањето е издадено од Интерпол – Србија, пишуваат српските медиуми.
Стефановиќ оцени дека загрижува тоа што „претставниците на приштинските власти тврдат дека тоа нема да се случи“ што, како што кажа „упатува дека се во дослух со органите на Северна Македонија“. Тој додаде дека не може да замисли дека „Северна Македонија, себеси тоа ќе си го дозволи “.
-Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, рече дека тие ќе го почитуваат меѓународното право, што значи екстрадиција на српските органи. Ако тоа не се случи, ќе видиме што ќе правиме натаму, не сакам да прејудицирам, изјави Стефановиќ.
-Ним не им е грижа дали некој се бара за кривично дело и дали таа државата има докази. Нив ги интересира политиката и врз основа на тоа одлучуваат дали ќе екстрадираат некого во одредена држава. Тоа е уште еден аргумент зошто не треба да се дозволи прием на Косово во Интерпол , рече српскиот министер на полицијата.
Ново на Сител
-

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
-

Герасимовски во посета на збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование
-

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
