Стефанова: Не сум во добри односи со Катица Јанева

Обвинителката од поранешното СЈО, Лиле Стефанова, сведочи во случајот Рекет каде обвинета е нејзината поранешна шефица, Катица Јанева.
На почеток од судењето, на прашање од судијата, дали Стефанова е скарана со некој од обвинетите одговори:
-Не сум скарана ама не сум во добри односи со второбвинетата, рече Лиле Стефанова.
На денешното судење наместо обвинителката Вилма Русковска, распитот на сведокот Стефанова го врши обвинителката Гордана Смаќоска.
Стефанова го застапува предметот „Империја“, во кој е осомничен рекетираниот бизнисмен Орце Камчев.По обелоденување на случајот „Рекет“, обвинителката Стефанова информираше дека Катица Јанева побарала осомничените во Империја да ја надоместат штетата и никој од нив да не оди во затвор.
Во Рекет обвинети се поранешната специјална обвинителка Јанева и Бојан Јовановски. Одговараат за злоупотреба на службената положба, примање награда и перење пари.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
