Стефан Јанев: Политичарите се тие што донесуваат одлуки
Премиерот на Бугарија Стефан Јанев за време на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Зоран Заев рече дека како соседи и братски народи ни треба постојана комуникација и размена на мислења.
-Во рамките на овие разговори, нема да бидете изненадени што главна точка за која зборувавме е европската перспектива на Република Македонија, рече Јанев.
Тој додаде дека политиката на Бугарија е непроменета многу години наназад.
Како што јави дописникот на МИА, Јанев коментира дека Бугарија цврсто ги поддржува Република Македонија, Албанија и Западен Балкан на патот кон пристапувањето во ЕУ. Но, според него, најпрво треба да се расчистат проблемите за да не ги внесуваме во ЕУ.
-Констатиравме дека во моментот имаме прозорец на можноста да работиме на нерешените прашања што ги имаме досега, особено на спроведувањето на Договорот за соседство, целта ни е да создадеме поволно опкружување на доверба и пријателство, отворен дијалог, додаде Јанев, кој рече дека делегацијата на Заев дошла со конкретни предлози за кои ќе се разговара.
Одговорноста е на политичарите, рече бугарскиот премиер Јанев и истакна дека историската комисија има одговорност пред политичарите кои ја назначиле.
Бугарскиот премиер Стефан Јанев коментира дека постојат политички можности, а првиот услов е потребата од дијалог.
Бугарија, според него, прави сè што е можно за да се најде решение, кога и како тоа ќе се случи зависи од различни фактори кои сите ги знаете, додаде тој.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците