Стефан Јанев: По крајот на октомври и ноември и изборите во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие поинакво значење
– Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, изјави за БНТ дека во однос на Македонија, Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин.
Според Јанев, како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот национален интерес е поврзан и со интересот на другите нации во ЕУ.
-Но, не треба да се дозволи спорот меѓу две соседни земји да се пренесе во ЕУ. Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт, со властите во Република Македонија да се бара решение во име на нашата заедничка иднина, коментираше премиерот Стефан Јанев, додавајќи дека треба „да не се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината.” Бугарските тврдења, нагласува, се слушнати доволно добро и од македонска страна и од нејзините европски партнери.
-Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Сака и да го запре лошиот однос кон луѓето со бугарска самосвест во Македонија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула, коментира Јанев, додавајќи дека се надева дека ова ќе се случи во блиска иднина. Според него, по крајот на октомври и ноември, кога има политички избори во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие нова смисла. -Нема да има промена на бугарската позиција, бидејќи тоа го постави Народното собрание на Бугарија, рече премиерот Стефан Јанев и додаде дека земјата нема да биде уценувана.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
