Стечајните управници со лиценци до 64 години ќе преполагаат
Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека согласно Законот за инсолвентност, сите стечајни управници кои имаат лиценци ќе преполагаат, но не и оние што имаат над 64 години. Тие, како што нагласи, немаат право да полагаат.
-Само во Северна Македонија се случува во последните години, за жал, со секоја почит, стечајни управници со над 70 години да водат милионски предмети и да ги одложат, а ние не сме веќе деведесеттите години кога се направени приватизациите, туку сме во 21 век и согласно одредбите, очекувањата од 21 век, така ќе постапиме, рече Бектеши одговорајќи на новинарски прашања по денешната 6. седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Република Турција.
На прашањето дали „Балкан јутилитис“ ќе тргува и со струја во земјава, Бектеши истакна дека одговорот треба да се бара во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
-За „Балкан јутилитис“ треба да се обратите во РКЕ, бидејќи таму се доставуваат барања за добивање лиценца. Немам такви информации, најверојатно ќе ве известат во текот на денот, истакна министерот.
Во врска, пак, со одлуката да не се зголемат платите во Министерството за финансии за 30 отсто, одговор, според Бектеши, треба да се бара во самата институција или кај ресорниот министер Фатмир Бесими.
Бектеши рече дека не присуствал до крај на вчерашната владина седница кога помина ваквата одлука, односно дека, како што рече, веќе не бил таму кога се отворило тоа прашање.
-За ова прашање треба да се обратите до Министерството за финансии или лично до министерот Бесими. Да бидам искрен, не бев на вчерашната владина седница до крај, а додека бев таму темата не беше отворена. Одлуката е на Бесими, во делот на тоа како одлуките ги носи МФ и немам некаков одговор. Јас како м за економија секогаш сум за да се згоелмат палтие и во приватниот и во јавниот сектор, и тоа треба да се направи согласно законските одредби, напомена Бектеши.
Ново на Сител
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија