Ставревски: Со проектот „Купи куќа-купи стан“ 640 семејства добија свој дом
Околу 640 семејства во Македонија веќе го искористија проектот „Купи куќа-купи стан“и добија средства и со тоа успеавме да решиме 640 проблеми за стекнување сопствен дом, им се обрати на прилепчани вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски синоќа во големата сала од општинската зграда и ги повика да ја искористат поддршката што ја дава државата за овој проект.
Владата, според Ставревски, работи со банките за да бидат отворени и максимално флексибилни, а и градежните компании ги прифатија цените кои се утврдени во проектот за да понудат станови.
- Проектот го работиме неколку години и наиде на интерес. Пред се, е наменет за луѓето кои имаат извесен износ на средства, а немаат доволно за сами да ја завршат работата, без разлика дали станува збор за купување стан, изградба на куќа или за доградба. За сите тие проекти има можност да се користат средства од „Купи куќа – купи стан“. Во зависност од кредитот кој треба да се земе, државната помош се движи од 8 до 14.000 евра. Сметавме дека е значителен износ на средства кои се добредојдени, посебно во првите години кога е најтешко да се исплаќа кредитот. Има и друг модел, наменет за луѓето кои не можат да соберат пари за учество. Во тој случај, владата нуди субвенции од 50 или 75 отсто. Државата го покрива делот од готовината која треба да се обезбеди за банките, а не ратата. Двата модела се добра можност за помладите, но и за луѓето во средни години, објасни Ставревски.
Тој ги охрабри прилепчани да го изнесете сопствениот случај, да видат што може да се направи и да се решат за проектот, бидејќи, нагласи, вака е полесно, кога ќе се добие поддршка што ја нуди државата.
- Ние стоиме зад овој проект. Ќе го има и во наредниот период, зашто во буџетот за 2016 се предвидени средства за него. Ве повикувам да ја искористите шансата, рече Ставревски.
Проектот „Купи куќа-купи стан“ на прилепчани им го објаснуваа и претставници на банките и на градежните компании.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер