Бизнис
21. September 2015 - 19:49

Ставревски : Изградбата на автопатот Скопје – Штип ќе ја подобри бизнис климата

Новио автопат Скопје- Штип ќе помогне за подобрување на економија на Свети Николе. Со изградбата на автопатот од градот до метрополата ќе се стига за половина час, а тоа ќе ги мотивира, странските  инвеститори повеќе да почнат да инвестираат во овој крај.

Со изградбата на автопатот Скопје, Миладоновце Штип, Свети Николе ќе биде убаво поврзан со Скопје, и од едниот до другиот град ќе се стига за 25 мин, а тоа ќе овозможи странските инвеститори да почнат да инвестираат во градот и со тоа да се отвроат нови работни места, рече  Зоран Ставревски-вицепремиер и министер за финансии

Првиот финансиер  ја посети и фабриката за кондиторски производи ЛИОН каде се вработени над 116 лица од кои 16 нашле работа преку Македонија Вработува, а 40 од вкупниот број на вработени, се со инвалидитет. 70 отсто од производството на фирмата е наменето за извоз.

Досега два милиони евра, пари од ЕИБ искористиле фирмите од овој крај, а 95 лица се вработиле преку Македонија вработува.  Ставревски на средбата со бизнсимените , потецнира дека државата и во иднина, ќе  проджи со мерките за подобрување на бизсни климата и нови вработувања.